Бременост, породување и мајчинство без лажење
Posted by femgerila on Wednesday Jun 23, 2010 Under феми темиФеминистките не зборуваат за мајчинството. Паушална констатација ќе дозволите базирана единствено на мое скромно искуство. Ако се земе предвид процентот на жени кои се или сакаат да бидат мајки, тогаш зачудува игнорирањето на оваа тема. Човек да помисли дека конечно една тема на која феминизмот има барем минимум доза на универзалност и со која радо ќе се бави на долго ем широко. Туку нејсе… Јас и немам намера пресериозно да и` се втурнам во истата, особено со оглед на моето засега навистина кратко искуство како мајка.
Долго време не пишував на блогов, а сега ми се пишува единствено на оваа тема. Јебем ли га сигурно некаде сте чуле дека мајчинството е 24 часовна работа дневно и сосема е оправдано немањето волја, енергија, па и желба за интерес на други теми. Имам некоја потреба да се сместам на сред плоштад и да се изнакукам, море да се изнапцујам за се`. Па бидејќи плоштад немаме, а блог си имаме виртуелно ќе искомпензирам.
Бременоста, породувањето и мајчинството ќе ви кажат дека е благословено, блажено, надреално искуство. Лажат. Не знам дали свесно или несвесно ама верувајте ве лажат. Обично најгласни во хвалоспевите за бременоста, породувањето, мајчинството се мажите. Нив едноставно ќе ги скокнам од јасни причини. Останатите или се обидуваат да ве охрабрат (и добра, но и лоша тактика) или се мајки на веќе пораснати деца па едноставно ги бутнале зад себе сите маки со кои се соочувале.
Не можам во еден пост да ја опфатам комплексноста на овие три состојби- бременост, породување, мајчинство- но можам да начнам тема па искрено ако ми се сака или може да разврземе во коментари (не ветувам присуство и читање на истите).
- Бременост
Она што не го знаеш не може да те убие- се вели. Точно. За жал (ете понекогаш и жалиме за оваа предност) во време на хиперпродукција на информации и знаења, достапност на истите особено преку новите технологии и интернетот, ДА НЕ СЕ ЗНАЕ претставува свесен избор кој за чудо во овој случај е најсреќниот избор. Ама ај ти убеди ја Феми J Во текот на бременоста исчитав се` за ризиците кои ги носи оваа состојба за мајката и ризиците на кои е подложен плодот. Чисто како куриозитет да ја споменам онаа несреќна владина кампања (која среќа не виде бел ден) за штетните последици од абортусот. Ако се решеше Грујо да прозборува околу штетните последици од бременоста немаше ебано дете да видиме у државава. Ете така еден значителен дел од бремените жени (60 до 70%- слободна проценка до која дојдов следејќи форуми за трудници) оваа „блажена состојба“ ја минува во сериозна паника, страв и хипохондрија.
2.Породување
Нема потреба да опишувам и прераскажувам за состојбата во држаните породилишта. Не постои гнасотилак за кој не знаете или барем не претпоставувате дека се случува во истите. Мене ме фрапираше идиотскиот став на медицинскиот персонал по однос на т.н. „обезболено породување“. Напредокот во медицината меѓудругото се состои во олеснување на болното искуство наречено породување. Анестезиите (спинална и епидурална) постојат веќе долго време (пар децении чинам) и намалувањето на ризиците од користење на истите денес е речиси завршена работа. Ако ве збунува она „речиси“ во претходната реченица, сетете се на ризиците од породување и бременост. Не постои човечка активност која не носи ризик со себе. Возењето автомобил носи ризик, седењето дома е ризично, спиењето е ризично… Па така, што побрзо го сфатите ова толку полесно ќе се справите со хипохондријата од точка број 1, но и со породувањето кое МОЖЕ да биде попријатно искуство. Е арно ама штом споменете епидурал ете ги душебрижниците да ви ламотат апсолутно непроверени празни муабети. „Од епидуралот може да останеш инвалид“- беше реченицата која ја слушнав од безброј луѓе. Кога ги прашав на што ја темелат таа констатација ниеден не знаеше да ми даде аргументиран одговор освен оној- па така сум чул/а. Кон ова се приклучува и споменатиот медицински персонал. Сите чуле од некого, никој не знае. Просто како идејата зад овие реторики да е она библиско измачување при породувањето кое ќе го искркаат жените заради „гревот на Ева“. Ако се решиш да не рикаш од болка тогаш ти си себична и неодговорна, размазена и несериозна, а твојот живот е доведен под прашање. My ass. Ако се решиш да рикаш од болка тогаш кога истото ќе зарши треба да ги убедиш сите околу тебе дека не е страшно и дека иако боли тоа брзо се заборава. Видов, не се заборава. Трудници кои се колнеа во овие муабети штом почнува посериозно да се одвива процесот на породување врескаа од родилна- сакам епидурал, дајте ми анестезија. Најчесто веќе е доцна и си тераа така врискајќи до крај. Јас се информирав и можам да кажам дека породувањето со епидурал е вистинско олеснување…но не блажено искуство.
3. Мајчинство
Мајчинството во својата рана фаза (за понатаму не знам) претставува засилено продолжување на еден guilty trip започнат во бременоста. Без разлика колку и да се труди човек околу тоа мало, фрагилно суштество секогаш има некој кој ќе те потсети дека „детето ти плаче зошто си нервозна“. Од доктор/ка, преку сестри, роднини, таткото па се` до комшии и случајни минувачи. Сето она на кое не можат да му најдат причина прашаните и непрашаните ќе го класифицираат под „бебешка реакција на мајчината нервоза и стрес“. На тој начин, свесно или несвесно, многумина околу вас ќе ве убедат дека „едноставно сте виновна“. Кога бебето вришти сосема е логично присутните да се нервозни или под стрес. Ебаго вришти, а ти не знаеш што му е, тоа фрустрира. И нема врска што сите се накурчени, бебето го осеќа само и единствено стресот на мајката и заради тоа пати. My ass. Ете така мајките тонат во чувство на вина кое го компензираат низ различни начини кои често се сериозни и се причинители на депресијата која обзема после породувањето.
- Овој текст говори за мајки, но нема за цел да ги генерализира споменатите искуства. Читајте со гоооолема резерва J
- Ова е само мало начнување, пецкање на темиве. Во следна пригода дел по дел на тенане.
- Ако ме нема во коментари не значи дека не ве пцујам вас мрчаторите кои и овде ќе ми солите памет.
