Протест!!! Плоштад Слобода.

Posted by femgerila on Thursday Apr 9, 2009 Under Uncategorized

Драги пријатели, Скопјанки и Скопјани,

Го шириме гласот. Гласот на градот и гласот на слободата.

Го дигаме нашиот глас, денес, за да го заштитиме правото да се зборува и
мисли, правото на градот сфатен како слобода!

Плоштад Слобода е целодневен настан за зачувување на нашето право на
различно мислење, животен стил, на правото на слободен собир и протест кои
беа прегазени на 28.03. Протестот започнува на пладне на плоштадот
Македонија. Потоа(13:00), простетната поворка низ скопските улици доаѓа до
Градски Парк каде од 13:30 започнува денски концерт.

Потврдени бендови: The John, Fighting Windmills, PMG collective, Canon, Da
Dzaka Nakot, Graham Young
***
Градот не е хор. Градот не маршира исто. Градот не мисли исто. Градот е
демос и полис. Градот е демократија, почитување и негување и заштита на
различното и на малцинското.

Во градот не живее народ или толпа. Во градот живеат граѓани, поединци. Во
градот и во државата, барем кај нас, барем формално, според Уставот, не
владее народна демократија туку демократија. Разликата меѓу демократијата и
народната демократија е како разликата меѓу кошула и лудачка кошула.

И заради тоа се собравме. И заради тоа се буниме, и заради тоа нема да
застанеме!

10 Responses to “Протест!!! Плоштад Слобода.”

  1. Dame1612 Says:

    На кој све начин еден просечен нормален скопјанец го перцепира овоа …….

    - Збирштина разгалени дечишта од на доктори , лектори и државни службеници кои немаат што да прават па измислуваат глупости .

    - Лица со ОСОБЕНО посебни потреби кои не работат нигде . Да работат негде нема да протестираат зошто газдата нема да ги пушти од работа .

    - Млади лидери и коловоѓи на либерално проевропски движења кои по цел ден пијат кафе на кеј и со особито латентни хомосексуални склоности .

    - Чести посетители на завод за здравствена заштита . Цел живот во потрага по метадон .

    - Наркоманијада СКОПЈЕ 2009

    - НВО ” Друштво љубитеља грузиског претседника Саакашвилија – Млади оќе промене “.

    - Збирштина на која треба да и се даде мотика и да се испрати на нива да копа . За друго и не ги биѓава .

    - Проевропско и про НАТО орјентирана геј скупина .

    Како кој ги перцепира може да остави подоле .

    ……………………………

  2. femgerila Says:

    Со поголем дел од овие се согласувам. Латентни хомосексуални склоности, потрага по метадон, наркоманијада, геј скупнина…одлични поенти, ептен тука не погодиле.

  3. Новица Says:

    Протест да. Концерт не. Пораката со протест од 1 час и концерт од 5 е дајте малку да се побуниме и после ќе одиме да пиеме пиво во парк. Тиња.

  4. femgerila Says:

    Ужас. Мислам се е океј кога треска Букаро, Буреко јебеш га толку им е ама Новица те молам. Сегде у белисвет кој го смисли активизмот за нас тоа беше пропратено со силни и ангажирани бендови, писатели, сликари… Ал еве во МКД протест ДА, концерт НЕ. Да те праша чоек зашто нема да знаеш да одговориш. Сеа мене не ме рчкај за музика. Јас сто пати сум рекла не слушам мјузик и ич не ме опитај кои се бендовите, шо свират бла бла. Ама ебаве намрштени фаци со три транспаренти ако серио0зно не се најавува некакво движење, некаков отпор во сите сфери. На пример ЛГБТ и квир движењата најголемиот фронт го наоѓаат денес токму во уметноста особено перформансите, литературата и слично. Уствари грешка, тиња се. ;)

  5. Новица Says:

    да ме праша човек ќе одговорам само не во 00:33. :) инаку факт за македонија наспроти целиот бел свет е дека се што се правело со концерт било издишан балон. нема причина сега перцепцијата на јавноста кон ова да биде поинаква.

  6. Ludella Says:

    А да протестирате за изградба на фонтани наместо да чукате празна слама???водата е одличен лек за мамурлак…

  7. femgerila Says:

    Ludella get a life ….вода лечи мамурлак. бреее ми се сере од вакви неискусни фаци.
    Децо слушајте ја Феми баталете овие гревчиња. За мамурлак само јогурт или супа или многу витамин це.

  8. Ludella Says:

    Феми Феми, те глеам у последно време бајаги ти се подула фацата…проблеми со какање?ех море Феми Феми, со уста не се сере.

  9. Ludella Says:

    Феми ако бараш реми, најди други теми, остави или земи…

  10. femgerila Says:

    хахахахахах и ова ти беше лошо. Уф нема леб тука. Ај идам да ја расчукам оваа луедела ;) )

Leave a Reply